(ВИДЕО) За малку трагедија на кошаркарски меч во Босна – Вакво нешто немате видено!

Кошаркарите на Радник од Бјелина ја совладаа Босна со резултат 71:67, а мечот го одбележа настан во кој можеше да има и повредени откако конструкцијата на кошот од нејасни причини сама се склопи.

фото: Profimedia

Чудна и опасна ситуација се случи кон средината на последната четвртина, при слободното фрлање на играчите на гостинската екипа.

Босанскиот кошаркар промаши слободно фрлање, топката се одби на обрачот, а конструкцијата едноставно сама се склопи.

За среќа немаше никој под кошот, па сите актери на натпреварот поминаа неповредени, а конструкцијата се подобри, па натпреварот заврши успешно.