(ВИДЕО) Последниот танц на ,,GIPSY KING,, – Дојде крајот на една од најголемите кариери во боксот!

Loading

Тајсон Фјури го нокаутира Дилијан Вајт пред речиси 100.000 луѓе на стадионот „Вембли“.

фото: Tanjug/AP

Како што стојат работите во моментов, Фјури најверојатно ќе се повлече по овој меч. Тој по победата изјави дека исполнил се што сакал во кариерата.

– Можеби ова е последен пат да се спушта завесата по „Џипси Кинг“. Поминав многу време надвор од дома, одамна не сум бил овде. Исполнив се што сум сакал – изјави Фјури.

Се борел 33 пати, само еднаш не победил, но никогаш не бил поразен. Ако се повлече непоразен, тој ќе биде вториот тешкаш во историјата на кого тоа му успеало.

– Ќе се повлечам како само втор непоразен тешкаш во историјата, по Роки Марчијано. Бев непобедлив во оваа игра.

Не планираше да се врати во рингот по борбата со Вајдлер, но не можеше да ја пропушти можноста да се бори пред полн „Вембли“.

– На сопругата и ветив дека ќе завршам по борбата со Вајлдер, но ми понудија борба на „Вембли“, мислам дека тоа го заслужив и им го должев на навивачите. Каков начин да се каже збогум. Сега е готово. Морам да бидам човек од збор. Мислам дека тоа е тоа – заврши Фјури.