(ВИДЕО+ФОТО) Конечно е закажан можеби последниот дуел на Меси и Роналдо – Кога ќе го гледаме овој спектакл?

Loading

Кристијано Роналдо неодамна беше промовиран како ново засилување за Ал Наср, но нема да може да дебитира за клубот од Саудиска Арабија поради забраната од Англија.

И покрај тоа, Португалецот ќе има можност за последен пат да ги одмери силите со својот најголем ривал Лионел Меси, на 19 јануари во Ријад.

Како што пренесува „Скај Италија“, тогаш ПСЖ ќе одигра пријателски натпревар против екипа составена од фудбалери на Ал Хилал и Ал Наср.

Овој натпревар ќе биде дел од „Сезона на Ријад“, годишен спортски фестивал финансиран од државата Саудиска Арабија.

Последната пресметка помеѓу Кристијано Роналдо и Аргентинецот ја видовме на 8 декември 2020 година во Лигата на шампионите во победата на Јувентус над Барселона од 3:0.

Тоа се случи на Ноу Камп, а Португалецот постигна два гола.