(ВИДЕО) Убедлив, срамен и понижувачки пораз на МЗТ Скопје Аеродром во Суботица

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го завршија настапот во АБА2 лигата со убедлив, срамен и понижувачки дебакл во Суботица.

Тие не само што не ја надополнија негативата од пет поени од првиот меч во Скопје, туку ,,Металците,, загубија со катастрофални 34 поени разлика во реваншот против Спартак Суботица и остана без пласман во финалето од плеј-офот во АБА2 лигата.

На Спартак малку му фалеше да „пукне“ и 100-ка, па на крајот на семафорот стоеше 98-64.

МЗТ се надеваше дека може да направи сензација во Суботица на реваншот, но тоа не што не се случи туку си заминува дома со ЛЕКЦИЈА ПО КОШАРКА!

Јалови беа амбициите на МЗТ Скопје и тренерот Атанасов за враќање на клубот во елитата, но се покажа дека тимот нема капацитет за такво нешто.

Филип Барна со 19 поени беше најдобар кај Спартак, додека Ворку беше единствениот со двоцифрен ефект во нападот кај МЗТ со 10 поени.

Браќата Дамјан и Војдан Стојановски тотално разочараа на овој меч. Наместо да бидат лидери на тимот поентерски тие завршија со вкупно 12 поени….!!!!!

Тимот од Суботица ќе игра финале против Војводина во АБА2 лигата, додека МЗТ сега ќе се фокусира на домашниот плеј-оф каде во полуфиналето води со 1-0 против ТФТ Скопје.

Раководството на клубот од Аеродром треба сериозно да седне и да ја анализира целата сезона во АБА 2 лигата и да скрои план за следната сезона.

Македонија ќе почека уште некое време за да има повторно свој тим во елитната АБА лига и дуелите со Партизан, Звезда, Цибона……

Што ќе се случи по завршување на сезоната останува да видиме, треба некој да преземе одговорност за овој пораз, зошто вака не му се пишува добро на еден повеќекратен шампион на Македонија.