Алесандро Флоренци доживеа тешка повреда на меч помеѓу Рома и Сасуоло.
Волчицата славеше со пресверт за конечни 1-3.
Младиот фудбалер се повреди во второто полувреме и мораше да го напушти теренот на носилки.
„На Флоренци му беа извршени медицински прегледи кои покажаа дека ги скина вкрстените лигаменти на коленото.
Операцијата е веќе закажана за денеска – стои во соопшетнието на клубот од Рим.
Повредата не е нималку наивна, а по операцијата на младиот фудбалер ќе му претстои долга рехабилитација, па тој ќе мора да замине на принуден одмор до 6 месеци.
Погледнете како се повреди Флоренци…