(ВИДЕО) СКАНДАЛ во САД! – Падна на допинг тестот, а потпиша договор на 340 милиони долари!

Loading

Голем спортски скандал ја потресе Америка, а станува збор за безбол суперѕвездата Фернандо Татис Јуниор (23) кој падна на допинг тестот.

фото: AP Photo/Sue Ogrocki)

Човекот кој потпиша 14-годишен договор од 340 милиони долари со Сан Диего Падрес е суспендиран на дури 80 натпревари.

По рутинска допинг-контрола, беше откриено дека користел „Клостебол“, супстанца која е на забранетата листа и за која се вели дека може да го „подигне учинокот на спортистот“.

„Имав проблем со габична инфекција, земав лек во кој имаше супстанца, не го правев тоа намерно. Требаше да проверам се пред да го користам, не направив и тоа е моја вина. Сакам да се извинам на целото семејство Падрес, организацијата, соиграчите, навивачите. Немам оправдување за мојата грешка. Само сакам сите да знаат дека никогаш не би изневерил, многу ја сакам оваа игра и не би покажал такво непочитување. Моите претходни резултати од тестот беа негативни“, рече Татис.

Фернандо е роден во Доминиканска Република и е во клубот од 2019 година. Тој минатата сезона беше дел од Ол-стар тимот и многумина му предвидуваа светла иднина. Впрочем, договорот од 340 милиони докажува дека …

фото: Youtube/Topps

„Уништен сум. Нема место на светот каде би сакал да бидам отколку на теренот. Размислував да поднесам жалба, но сфатив дека сето тоа е моја вина, па решив да не го правам тоа. Ќе почнам да ја отслужувам мојата казна “, рече Татис јуниор.

Ова значи дека Фернандо ќе ги пропушти преостанатите 48 натпревари оваа сезона и 32 натпревари во следната.

Доколку неговите соиграчи се квалификуваат во плеј-офот, тој може да се врати на теренот малку порано следната година.

Погледнете за каков безбол играч станува збор….