(ВИДЕО) Сензација во Доха – Мареј го победи Зверев и најави големо враќање?

Loading

Големо изненадување во осминафиналето на АТП турнирот во Доха. Енди Мареј го совлада Александар Зверев со 7:6, 2:6, 7:5.

фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Шкотскиот ас денеска потсети на играч кој беше во светскиот врв! Тој одигра исклучително добро во првиот сет, но и во моментите кога се кршеше резултатот во третиот сет.

Во следното коло Мареј ќе се соочи со Александар Милер од Франција.

Ќе видиме до крајот на турнирот дали ова беше блесок на Енди или е враќање на патеките на старата слава.

Еве како Мареј го победи Зверев во борбата која траеше три часа и три минути ….