(ВИДЕО) Се огласи докторот на Рафа Надал – Не е добро!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повреди во финалето на Индијан Велс каде беше поразен од Тејлор Фриц.

фото: Profimedia

Тој се здоби со повреда на реброто, која ќе го одвои одреден период од теренот.

Анхел Руиз Которо, докторот на Рафаел Надал ја коментираше повредата на „Бикот од Мајорка“.

,,Потребно е време за да заздрават скршениците на коските, тоа го знаат сите. Она што можеме да го направиме е да се прилагодиме на болката. Најважно во моментов е да се ослободите од болката. Кога ќе ја отстраниме болката, ќе почне да работи колку што е можно повеќе. Потоа, врз основа на тоа, ќе видиме дали и на кој начин можеме да придонесеме. Можам да кажам дека во моментов сме во логични рокови – изјави Которо.

Паузата би требало да трае четири до шест недели, ќе ги пропушти турнирите во Монте Карло и Барселона, додека за мастерсот во Мадрид можеби ќе биде подготвен.

Надал ја започна оваа сезона на импресивен начин, освои три титули и претрпе само еден пораз, оној во финалето на Индијан Велс од Тејлор Фриц.