Погба ги откри деталите од кражбата – Крадците му ги однеле најдрагите работи од животот и кариерата!

Loading

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба (29) откри дека златниот медал што го освоил на Светското првенство во 2018 година му бил украден за време на кражбата во неговиот дом минатата недела.

погба5

Куќата на Погба била провалена на 15 март додека неговите деца спиеле, а инцидентот се случил на натпреварот на Јунајтед против Атлетико Мадрид на Олд Трафорд.

Тој сега откри детали во интервју за Le Figaro.

,,Го украдоа накитот на мајка ми и медалот за светски шампион – изјави Пол Погба и додаде:

,,Најмногу ме исплаши тоа што моите две деца беа дома со дадилката. Слушнала се, ги повикала мојата сопруга и обезбедувањето, а потоа се заклучила во собата со нив. Таа беше шокирана неколку дена. Главното е што моите деца се добро – изјави Французинот.

Франција ја победи Хрватска со 4:2 во финалето на Светското првенство 2018 година, а Погба беше еден од стрелците.

Актуелните светски шампиони се очекува да одиграат пријателски натпревар против Брегот на Слоновата Коска во петок, а четири дена подоцна и против Јужна Африка.