(ВИДЕО) Реал Мадрид има само една фудбалска легенда – Дури ни Роналдо не успеа да го надмине!

Loading

Станува збор за легендарниот фудбалер и икона на Реал Мадрид, аргентинецот Алфредо ди Стефано.

фото: AP

Ди Стефано е роден на 4 јули 1926 година во Буенос Аирес. Кариерата ја започна во Ривер Плата, а потоа играше за Хуракан и колумбискиот Милионариос.

Тој пристигна во Шпанија во 1953 година и кратко време помина во Барселона, а потоа се пресели во Реал Мадрид, каде што стекна светска слава.

За Реал постигна 454 гола на 684 натпревари, освои пет европски шампионски титули, а во 1957 и 1959 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа.

Играчката кариера ја заврши во 1967 година во Еспањол, а настапуваше за селекциите на Аргентина, Колумбија и Шпанија.

Како тренер ги водеше Елче, Бока Јуниорс, Риве Плата, Рајо Ваљекано, Спортинг, Кастелон, Валенсија и Реал. Ди Стефано беше почесен претседател на Реал Мадрид.

Легендарниот фудбалер на Реал, Алфредо ди Стефано почина во Мадрид како последица на срцев удар, само неколку дена откако го прослави својот 88 роденден во 2014 година.

За постарите читатели, како и за оние кои никогаш не го гледале човекот за кој денешните светски фудбалски ѕвезди велат дека бил мајстор на оваа игра, ви пренесуваме 10 од најубавите голови кои ги постигнал….

Многу асови продефилираа низ стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а многумина сметаат дека најдобар меѓу најдобрите е актуелната прва ѕвезда Кристијано Роналдо. Сепак, „Мадриштареал“ го смести „само“ на второто место.

Имено, Алфредо ди Стефано е избран за најдобар играч во историјата на Реал Мадрид. Легендарниот фудбалер беше жежок и запален во 50-тите и 60-тите години на минатиот век кога Мадрид пет пати триумфираше во Купот на шампионите.

По Ди Стефано и Роналдо на оваа листа се Генто, Зидан, Пушкаш, Бутрагењо, Раул, Модриќ… Предраг Мијатовиќ е на 43. место.

ТОП 10: 1. Алфредо ди Стефано 2. Кристијано Роналдо 3. Генто 4. Зидан 5. Пушкаш 6. Бутрагењо 7. Раул 8. Модриќ 9. Роберто Карлос 10. Амансио 11. Серхио Рамос.