Се ближи крајот на градежните работи и опремувањето на прекрасната вила на Кристијано Роналдо во Лисабон, чија вредност се проценува на над 7.000.000 евра.
Колку ќе биде специфичен овој имот сам по себе, покажува и фактот што дизајнерите мораа да повикаат кран, за да внесат огромен кревет низ покривот, кој ќе биде сместен во спалната соба на Португалецот.
Интересно, трансформацијата на оваа вила опфати и инсталирање на голем мурал во стилот на Луј Витон, кој вреди над 400.000 евра, и кој ќе го украси големиот ходник на влезот во пентхаусот.
Кристијано Роналдо беше потврден како купувач на овој имот уште во 2019 година, кога португалските медиуми истакнаа дека тоа е најскапата аквизиција досега во таа земја.
Ангажирани се дури пет дизајнери само во внатрешноста на вилата, се со цел да се задоволи вкусот на пребирливиот Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез. Споменатиот кревет, мурал, па дури и четирите соби за децате, се украсени според нивните желби, се само дел од богатството што се крие зад ѕидовите.
Овој пентхаус ќе биде еден од четирите домови што Роналдо моментално ги поседува во неговата колекција и ќе му помогне да се одмори од фудбалот на денот кога ќе одлучи да замине во пензија.
Вреди исто така да се нагласи и вилата на португалската ривиера на околу половина час од аеродромот во Лисабон, а Роналдо поседува и куќа во вредност од 5,5 милиони евра во близина на Мадрид.
Од другите недвижности што ги има тука се и седумкатниот стан во Фунчал на островот Мадеира, што го купи во 2019 година и во него живеат неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго.
Погледнете го тој луксуз…..