ВИДЕО: Каква сензација – Јутјубер нокаутираше ММА шампион за само 2 минути!

Loading

Познатиот јутјубер Jејк Пол уште еднаш ги воодушеви љубителите на боречките вештини со својот нов настап во боксерскиот ринг.

Пред неколку месеци Пол во рингот го уништи поранешниот НБА ас Нејт Робинсон, а сега тој брутално го нокаутира далеку посериозниот ривал – поранешниот ММА шампион Бен Аскрен.

Пол веќе во првата рунда го испрати Аскрен во соништата. По две минути борба, несреќниот Аскрен доби силен удар во главата и заврши на подот како покосен. Судијата беше принуден веднаш да го прекине натпреварот.

Пол сака бокс, тренира редовно и покажа дека има голем потенцијал за овој спорт. Заработи неверојатни 690 илјади долари за две минути борба, додека неговиот ривал Аскрен доби околу 500.000 долари.

Погледнете го неверојатниот нокаут…..