ВИДЕО: Па ова е лудило – Стеф Кари погоди кош со лева рака преку рамо без гледање!

Loading

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат за најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.

Кари е во неверојатна стрелачка форма. Оваа сезона има просек од 31 поен на натпревар и процентот на шутеви за три поени од скоро 50 проценти. Само овој месец има во просек од преку 40 коша по натпревар.

Во поразот од Бостон од (119: 114), Кари постигна 47 поени од кои 11 тројки, а во еден поен направи магија …

Имено, во втората четвртина, Кари се обиде да изнуди фаул при шутот. Тој го подигна својот чувар со финта, а потоа ја фрли топката без да погледне со левата рака преку рамо … И топката влезе како капка!