(ВИДЕО) Пред 22 години Кометал ЃП стана европски шампион – Дали ова некогаш ќе се повтори?

Loading

Денешниот датум 19 мај 2002 е испишан во македонската ракометна историја. Пред 22 години, Кометал Ѓ.П. го подигна пехарот во Лигата на шампионките и стигна до првата европска титула во нашата земја.

Кометал Ѓорче Петров, во финалето кое се одигра во Скопје во салата Кале го победи Херц во реваншот со 26-22 за големо славје во Скопје.

Тогаш тимот беше предводен од Индира Кастратовиќ, Наталија Малахова, Олга Бујанова, Анџела Платон, Милева Велкова, Гордана Нацева, Луминица Дину, Андријана Будимир, Мими Чупиќ, Лариса Ферзалиева ….

Нашите ракометарки ја анулира негативата од два гола во Унгарија (27-25) и дојдоа до успех кој сите се уште го паметиме, успех кој донесе огромна радост во Македонија, славје на улициите и плоштадот во Скопје кое уште децении ќе се памети.

Клубот кој беше под покровителство на бизнисменот Трифун Костовски и кој беше симбол на женскиот македонски ракомет сепак престана да постои во 2010 година.

Спомените кои ги остави засекогаш ќе останат во нашите срца и ќе бидат врежани во македонската спортска историја.