Светот е во шок – Мурињо ќе биде тренер на клуб надвор од Европа!

Loading

Откако доби отказ од Рома на средината на месец јануари, португалскиот стратег Жозе Мурињо е без работа.

фото: BEN STANSALLBEN STANSALL/AFP/Getty Images

Но тоа од следната сезона нема да биде така откако ,,Специјалниот,, доби понуда од клуб надвор од Европа.

Се шпекулираше дека ќе биде нов селектор на Португалија за да ја предводи селекцијата на Еуро 2024, но од тоа нема да биде ништо.

Мурињо најверојатно ќе ја прифати работата во клубот за кого никој не очекуваше дека ќе биде негов нов ангажман во професионалната тренерска кариера.

Според турските медиуми, тој ќе биде нов тренер на Бешикташ, за договорена годишна плата од неверојатни 16 милиони евра. 

Потпретседателот на Бешикташ имал средба со Мурињо пред месец дена на која му рекол дека клубот го сака во своите редови.

Португалецот му рекол дека ќе размисли за дадената понуда и му најавил нова средба во Италија.

,,Работиме на спонзорствата за идните сезони и на добар пат сме да исполниме потребни бројки за доаѓање на Жозе, порача потпретседателот на клубот, Хусеин Јуцел.