БОМБА во ЛА ЛИГА – Столе Димитриевски има нов клуб!

Loading

Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски од следната сезона ќе има нов клуб….

Тој ќе си замине од Рајо Ваљекано и ќе премине во Валенсија. На тој начин ќе ги отфрли понудите од далеку поквалитетните тимови на Атлетико Мадрид и Њукасл.

Ова два клуба исто така пријавија интерес од следната сезона да го видат во својот состав и меѓу стативите, но Димитриевски сепак реши да ја засили Валенсија. 

Рајо Ваљекано оваа сезона игра далеку послабо за разлика од минатата и сезоната 2023/24 ќе ја заврши на дното на табелата со опстанок во првата шпанска лига. 

Валенсија се наоѓа на 9-тата позиција со 48 бода и таму и ќе остане.

Договорот со Валенсија е завршена работа, а за повеќе детали ќе ве информираме кога ќе се добијат и официјални податоци.