(ВИДЕО) Пред 15 години Меси го ископира Марадона и го измами цел свет, но Барселона остана без титула!

Loading

Добро знаете сите колку Диего Марадона имаше влијание врз фудбалот, особено во Аргентина. Меѓу оние кои пораснале слушајќи бајки за најдобриот на сите времиња бил и Лионел Меси.

Фудбалерот на Барселона и долгогодишен предводник на аргентинската репрезентација успеа да повтори еден од најпознатите потези на Марадона во текот на кариерата.

Не се работи за некое мајсторство со топката во нозете – иако имаше такви. На денешен ден, пред 15 години, Лионел Меси ја изведе својата верзија на „Божјата рака“.

За време на првенствениот натпревар против Еспањол во 2007 година, Меси со високо крената рака ја испрати топката во голот, кој го чуваше Карлос Камени и беспомошно гледаше како топката оди зад неговиот грб.

Иако беше очигледно дека Меси ја употреби раката, судијата не ја забележа ситуацијата.

Го призна голот на Аргентинецот и покрај упорните протести на Еспањол. Меѓу нив беше и голманот Камени, но и дефанзивците кои јасно видоа дека Меси лукаво погоди во претпоследното коло од сезоната.

Сепак, Барселона не победи на овој натпревар. Беше 2:2 во градското дерби, а токму тој резултат му ја донесе 30-та шампионска титула на Реал Мадрид.

Тимот од главниот град на Шпанија во последното коло направи пресврт против Мајорка и со освоените три бода стигна до трофејот во сезоната во која се израмни со најголемиот ривал.

Погледнете го голот на Меси против Еспањол: