(ФОТО) Беше најсекси тенисерка во светот, се повлече пред 20 години и се омажи за пејач! Како изгледа денес?

Loading

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова на 7 јуни го прослави својот 41 роденден и сеуште важи за една од најубавите спортистки на сите времиња, иако нејзината играчка кариера не беше толку голема.

фото: PROFIMEDIA/ELECTRONIC IMAGE

Таа направи „бум“ кога се појави во деведесетите, но всушност нејзините резултати не беа толку импресивни.

Нејзиниот најдобар пласман е осмото место на ВТА-листата, на ниту еден грен слем не помина подалеку од четвртфиналето во сингл, а кариерата ја заврши многу рано поради дискусхернија.

Сепак, нејзината популарност порасна поради нејзината исклучителна убавина …

Иако мораше да го напушти тенисот на само 22 години, пред речиси две децении, подемот на Ана Курникова продолжи и откако потпиша бројни спонзорски договори, се занимаваше со манекенство и многу други работи.

Вниманието го привлече и поради турбулентните врски со спортистите, беше со Павел Буре, хокеар, а потоа и со неговиот соиграч Сергеј Федоров, па дури се шпекулираше дека ќе се венчаат.

Интересно, таа заврши со познатиот латино пејач Енрике Иглесијас во 2001 година.

Таа првпат се појави во спотот за неговата песна „Escape“, долго време негираа дека се заедно иако секаде ги следеа, но поминаа две децении откако се пар.

Имаат три деца, последното е родено во 2020 година, а нивните фотографии Ана често ги споделува на социјалните мрежи.

Има и некои селфиња кои покажуваат дека сепак е вистинска убавица, но ретко ја гледаме во медиумите, освен кога се појавуваат нови тенисерки кои потсетуваат на неа, на пример Анисимова, која ја нарекуваат „бејби Курникова“.

Погледнете како изгледа Ана денес!