(ВИДЕО) Одлуката очекувана – УЕФА ги прогласи најдобрите играчи на неделата во ЛШ, а еве кој е на врвот!

Loading

Фудбалерот на Реал, Карим Бензема е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите.

Францускиот напаѓач ги постигна сите три гола во победата на гости против Челзи во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите (1:3).

Ова му е втор натпревар по ред во нокаут фазата во кој постигна хет-трик, откако истото му се случи и на реваншот од осминафиналето против ПСЖ.

Така тој му се придружи на Кристијано Роналдо како единствениот друг играч кој успеал да го направи тоа.

Тој со одличните настапи го зацрвсти своето име и во моментов според многумина е главен фаворит за „Златната топка“.