(ФОТО) Која е билката без која Новак не може секое утро? – Од неа прави волшебен хранлив напиток!

Loading

Новак Џоковиќ го очекуваме на терените на мастерсот 1000 во Монте Карло.

ФОТО:Profimedia

Добро е познато колку беше тежок неговиот пат до врвот каде моментално се наоѓа и од што се мораше да се откаже, а она што отсекогаш интригирало е начинот на кој се храни српскиот ас.

Сега е откриена тајната на неговата исхрана, поточно што е тоа без кое денот не му започнува. Новак реши секој ден да внесе сиров целер во исхраната и да го јаде и пие најмногу за појадок, на самиот почеток на денот.

Тој со години се храни вегански и се обидува да го извади месото од употреба. Целерот е растение кое во неговата земја често се користи за приготвување јадења како супа и пилаф, а е многу хранливо и делотворно за здравјето на човечкиот организам.

Така, Новак секој ден го започнува со вода со лимон на празен стомак, по што пие свежо цеден сок од стебленце целер.

Самото растение може да се најде во питома и дива форма, а познато е уште од античко време кога луѓето го одгледувале во зима.

Нејзините семиња се користеле како еден вид „лек“ за болка, а денес главно се користи како додаток на оброците.