Фудбалерот на Реал, Карим Бензема е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите.
Францускиот напаѓач ги постигна сите три гола во победата на гости против Челзи во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите (1:3).
Ова му е втор натпревар по ред во нокаут фазата во кој постигна хет-трик, откако истото му се случи и на реваншот од осминафиналето против ПСЖ.
Така тој му се придружи на Кристијано Роналдо како единствениот друг играч кој успеал да го направи тоа.
👑 King Karim!@Benzema is your UCL Player of the Week 👏#UCLPOTW | @PlayStationEU | #UCL pic.twitter.com/ACHIS2DG8l
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 7, 2022
Тој со одличните настапи го зацрвсти своето име и во моментов според многумина е главен фаворит за „Златната топка“.