ВИДЕО: Ново непишано правило за фудбалска Македонија – Натпреварот се игра 90 минути!

Loading

Македонската фудбалска репрезентација имаше голема победа в џеб нагости против Исланд откако до 78 минута имаше 0-2 предност во Рејквавик во 5.коло од квалификации за СП 2022 во Катар.

И покрај двата гола предност, сепак Македонија се враќа со само еден освоен бод, бидејќи Исланд во последните 12 минути успеа да постигне два гола за конечни 2-2.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски одлично го започнаа мечот и уште во 12-та минута со голот на Велковски, Македонија поведе со 1-0, а до крајот на првиот дел можеше да ја зголеми предноста, но безуспешно.

Вториот дел започна исто со доминација на Македонија, па во 54-та минута Алиоски со еден пробив од средината на теренот зголеми на 2:0.

По вториот гол на Македонија како да спласна нашата игра, дојде до комплетно опуштање. Тоа го искористи Исланд па со двата гола во 78-та и 84-та минута израмни на 2-2.

Македонија можеше до крајот сепак да слави победи, но среќата ни го заврти грбот бидејќи во судиското продолжение Чурлинов го совлада голманот, а дефанзивецот на Исланд ја исфрли топката од гол линијата.

Следниот меч Македонија го игра на домашен терен за три дена кога на арената Тоше Проески ни доаѓа Романија.

Погледнете ги головите на овој меч….