ВИДЕО: Моќен спот за јубилејната НБА сезона – Погледнете кои легендарни играчи се најдоа во него!

Loading

Кошаркарската НБА лига оваа година го слави својот 75 -ти роденден.

По повод тој јубилеј, беше објавено специјално видео, во кое популарниот актер Мајкл Б. Џордан ги запознава децата со историјата на најсилната лига во светот.

Се појавуваат добро познати лица, од најстарите ѕвезди, како Бил Расел, до најмладите, како што е Зион Вилијамсон.

Асот на Феникс, Девин Букер од автомобилот му оддава почит на својот идол Коби Брајант, насликан на голем мурал, кога музиката ќе престане и нараторот не потсетува дека некои работи се поголеми од кошарката.

Никола Јокиќ, исто така, го најде своето место на друг мурал, додека во позадина е приказната за тоа како НБА се шири на секој агол на светот.

Покрај Јокиќ, тука се и Дражен Петровиќ, Лука Дончиќ, Руди Гобер, Јао Минг, Хаким Олајџовон, Џоел Ембид, Стив Неш, Расел Вестбрук, Дирк Новицки …