МАНЧЕСТЕР Сити потврди дека купил талентиран 17-годишен Бразилец од Флуминенсе.
Каики ќе остане на позајмица во бразилскиот клуб до 2022 година, а Сити, наводно, платил десет милиони евра за него и му ветил на Флуминенсе 20% од можната следна продажба и бројни бонуси.
Тој е крилен напаѓач кој го носи прекарот новиот Нејмар во Бразил поради неговите неверојатни дриблинзи и извонредната техника. Во неговата прва сениорска сезона, одигра девет натпревари за Флуминенсе, како десно и лево крило и постигна два гола и една асистенција.
Исто така одигра 58 минути на натпревар од Копа Либертадорес против Ривер Плата.
Каики играше за бразилските репрезентации до 16 и до 17 години, но сега се очекува да прескокне неколку категории и да се приклучи на постарите возрасти.
Новиот играч на Сити треба да се приклучи на тимот летото 2022 година и потпиша петгодишен договор.
THIS is what Man City's new signing Kayky can do 🔥🤩pic.twitter.com/gTrijy2Vos
— Goal (@goal) April 23, 2021