ФФМ денеска одлучи каде и кога ќе се игра финалето на националниот куп

Loading

Финалниот натпревар од овогодишното издание на македонскиот фудбалски куп ќе се одигра на 19 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одлучи вечерва Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

ффм1

За пехарот во националниот куп ќе играат Силекс и Академија Пандев, откако прволигашот од Кратово во полуфиналето ја елиминираше Струга Трим, додека екипата од Струмица беше подобра од Македонија ЃП.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука финалните куп натпревари во пионерска, кадетска и младинска конкуренција да се играат на 25 и 27 мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

– Куп на Македонија (помлади пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

– Куп на Македонија (пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

– Куп на Македонија (кадети), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

– Куп на Македонија (младинци), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување на активности за промена на вештачката трева на помошниот терен на стадионот во Ѓорче Петров

ФФМ набави 15.000 фудбалски топки, најголемата набавка досега целосно наменета за клубовите од МФЛ