ВИДЕО: Магија каква ретко се гледа на терените – Сите се чудеа и не им беше јасно како даде гол!

Loading

Футсал терените отсекогаш биле извор на вистинско владеење со топката.

Честопати можеме да бидеме сведоци на навистина спектакуларни потези, а последниот доаѓа од натпреварот од Лигата на шампионите во футсал помеѓу унгарски Хонвед и португалска Бенфика.

Играчот на португалските „орли“, Хосеин Тајеби постигна навистина нереален гол. Тој беше свртен со грбот кон голот, а потоа следеше магијата. Со брзина на светлината ја префрли топката со пета на другата нога, па речиси без да погледне ја фрли во голот.

Магијата добро се гледа само во забавена снимка…..

Ниту неговите соиграчи не можеа да поверуваат во тоа што го видоа. Реакцијата на Артур доволно зборува за тоа.

Иранецот направи навистина нереален потег и ваквите работи заслужуваат вистинска пофалба.

Бенфика на овој натпревар славеше со 8:3, а Тајеби постигна уште еден гол.