ВИДЕО: Мадрид во паника – Се запали стадионот на Реал Стантијаго Бернабеу!

Loading

Попладнево се запали стадионот „Сантијаго Бернабеу“, на фудбалскиот гигант на Реал Мадрид.

Граѓаните најпрво го видоа чадот што се појави на највисоките делови од конструкцијата, а властите веднаш потоа потврдија дека избувнал мал пожар на стадионот, дека не се знае која е причината, но пожарот е под контрола.

Сепак, на социјалните мрежи се појавија непотврдени најави за голем пламен што може да се види од повеќе делови на градот.

Градската администрација одобри почеток на големи работи за реконструкција на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кој, според плановите, треба да заврши до почетокот на фудбалската сезона 2022-23. години.

Меѓу другото, стадионот треба да добие подвижна конструкција на покривот по реконструкцијата, но наместо да се зголеми капацитетот на гледалиштето, бројот на места ќе се намали за едно место.