ВИДЕО: Погледнете ја лудата пенал завршница од финалето на Лига Европа!

Loading

Фудбалерите на Виљареал го победија Манчестер Јунајтед на пенали во финалето на Лига Европа и ја освоија оваа европска титула за прв пат во историјата.

Гдањск беше домаќин на финалето пред 9.500 публика на стадионот „Миејски“, резултатот по 90 минути беше 1:1 и по продолженијата, а во лудата пенал завршница шпанскиот тим победи со 12:11.

Трагичар на пенал рулетот беше голманот на Јунајтед, Давид Де Геа кој не го реализираше својот удар откако неговиот колега му го одбрани шутот од белата точка.

Освоениот трофеј е четврти во ова натпреварување за тренерот на Виљареал, Унаи Емери, во неговото петто финале во Лигата на Европа.

Три пати по ред освои пехар со Севиља, беше запрен во финалето со Арсенал, и сега повторно го освои ова натпреварување…

Погледнете ја уште еднаш пенал завршницата….