(Видео) Луис Хамилтон нов рекордер по бројот на победи во Ф1 – Ова се неговите сите 92 победи!

Loading

Возачот на Ф1 тимот на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон испиша нова историја на Формула 1 откако денеска стана прв возач кој победил на 92 трки во светскиот шампионат.

Хамилтон на тој начин стигна до првата победа во кариерата на ова ГП во Португалија кое по 24 години повторно беше дел од 2020 Ф1 шампионат.

Британецот така го надмина претходниот рекорд на легендарниот Михаел Шумахер кој има остварено 91 победа во кариерата.

Погледните ги сите победи на Хамилтон во неговата блескава кариера… УЖИВАЈТЕ!