(Видео) Кабиб како никој досега во историјата на УФЦ – Со победа стигна до 29-0 и кажа крај!

КАБИБ Нурмагомедов славеше против привремениот шампион, Американецот Џастин Геичи во една од најголемите борби во историја на УФЦ во лесна категорија и објави крај на кариерата.

За Хабиб ова беше прва борба во неговиот живот што ја правеше без присуство на неговиот татко кој почина од компликации по операцијата на срце оваа година.

Колку значеше поддршката на таткото на Хабиб, можеше да се види од неговата реакција по победата, дагестанецот без пораз веднаш се расплака и потоа се повлече.

Помина нешто повеќе од една година од неговата последна борба, и сега тој се врати во октагонот на УФЦ, токму во Абу Даби, каде ја одржа последната борба и повторно славеше.

Дагестанецот остана непоразен во сите 29 борби досега, а појасот успешно го бранеше против Конор Мек Грегор и Дастин Поарие и сега и против Џастин Геичи.