(Фото) Хабиб објави порака и слика со татко му и расплака милиони ширум светот!

Познатиот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата на емотивен начин.

Дагистанецот го одбрани својот појас во лесна категорија, откако го победи американецот Џастин Геичи во 2.рунда.

По натпреварот, славниот борец долго лежеше на земја и плачеше неутешно. Својот последен триумф му го посвети на својот татко Абдулманап Нурмагомедов, кој почина на почетокот на јули како резултат на вирусот корона и срцеви проблеми.

По борбата, Хабиб објави дека ја завршува својата кариера, бидејќи не може да се бори без татко му, а неколку часа подоцна, тој се огласи на социјалните мрежи со крајно емотивна порака.

“Кога Алах е со тебе, никој не може да те скрши. Татко, ти благодарам за сè, ти ме учише цел живот и Алах нека ти го даде најголемиот рај”, напиша Хабиб.