ВИДЕО: Лејк Луиз среќен за Линдзи Вон која победи на првата спуст трка во сезоната

Loading

Американката Линдзи Вон со победа му се врати на скијањето по тешките повреди изминатата сезона. Таа победи на првата спуст трка во новата сезона што се одржа во канадскиот ски центар Лејк Луиз.

lake-louise-lindsey

Вон стигна до 16-та победа во Лејк Луиз, вкупно 68-ма во кариерата, со време од 1:50.50 минути. На второто место се пласира Австријката Корнелија Хитер, а трета заврши нејзината сонародничка Рамона Зибенхофер.

Американката до победата стигна на спектакуларен начин откако грешките кои ги направи во првиот дел од патеката успеа да ги надополни во второто возење.

Во генералниот пласман во Светскиот куп води Микаела Шигрин со 280 бодови, 85 повеќе од Фрида Хансдотер, додека Лара Гут има 190 бодови.

Погледнете како стигна до победа Линдзи Вон…