ВИДЕО: Кливленд изненаден од Њу Орлеанс, Хјустон го доби дербито со Далас

Loading

6 средби ја одбележаа изминатата ноќ во НБА лигата, каде во тексашкото дерби Хјустон како гостин го совлада Далас со 100:96.

newcle

Џејмс Харден беше нерешлива енигма за Далас кој постигна 25 поени, 8 скока и 9 асистенции, Тревор Ариза додаде 18, а Теренс Џонс 17 поени и 9 освоени топки под обрачите за ракетите.

Кај Далас, Дерон Вилијамс имаше 22 поени и 6 асистенции додека Дирк Новицки заврши со 16 поени и 10 скока.

Во градското дерби Њујорк го победи Бруклин со 108:91, а лидер во победничкиот тим со 19 поени и 13 скока беше Кармело Ентони. Арон Афало постигна 18 поени додека Кристапс Порзингис имаше учинок од 19 поени и 10 скока. Кај Бруклин најефикасен со 21 поен беше Брук Лопез, а Тадеус Јанг впиша 18 поени и 11 скока.

Најголемото изненадување синоќа го направи Њу Орлеанс, кој по едно продолжение го победи Кливленд со 114:108. Првата ѕвезда на пеликаните Ентони Дејвис заврши со 31 поен и 12 скока, а Ерик Гордон додаде 19 поени.

На Кливленд не му помогна ни ЛеБрон Џејмс, кој запиша 37 поени, 7 скока и 8 асистенции додека Кевин Лав даде 15 поени и 10 скока.

Во другите средби, Детроит – Милвоки 102:95, Атланта – ЛА Лејкерс 100:87 и Вашингтон – Феникс 109:106.

За вечерва предвидени се 9 средби:

nba nat

Најинтересните моменти од натпреварите Хјустон-Далас и Њу Орлеанс-Кливленд…