22-от ракометен Мундијал за жени започнува денеска во Данска

Loading

Дваесет и второто Светско првенство за ракометарки стартува денеска и ќе трае до 20.декември во Данска.

handba

Домаќини на првата фаза се четири града, Хернинг (А група); Нествед (Б група), Колдинг (Ц група) и Фредериксхавн (Д група) каде 24.те репрезентации се распределени во 4 групи по 6 репрезентации.

Првите четири селекции од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето кое се до финалето се игра со нокаут натпревари.

Репрезентациите се поделени во групите:

А група: Данска, Црна Гора, Унгарија, Јапонија, Тунис, Србија.
Б група: Куба, Шведска, Холандија, Полска, Кина, Ангола.
Ц група: Бразил, Франција, Аргентина, Јужна Кореа, Конго, Германија.
Д група: Норвешка, Шпанија, Романија, Русија, Порторико, Казахстан.

Титулата светски шампион ја брани селекцијата на Бразил, а финалето е закажано за 20.декември и ќе се игра во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.