Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун остана без половина заб на натпреварот со Милвоки.
![](https://i0.wp.com/sporty.mk/wp-content/uploads/2021/12/brown.jpg?resize=800%2C533&ssl=1)
Тој настрада во борбата за топката од неговиот соиграч Џејсон Тејтум. Првиот ас на Селтикси го удри со лакт во лицето и на тој начин му скрши дел од предниот заб.
По мечот, Браун се пошегува на Твитер: „Кој кога ќе, ако не својот“.
Инаку, победата ја оствари Милвоки, со пресврт во последната минута (117:113).