ВИДЕО: Леброн собори чуден рекорд на Коби – Беше нервозен и лут!

Loading

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на божиќните натпревари во НБА лигата.

„Кралот“ во мечот со Бруклин Нетс влезе со 13 поени зад Коби Брајант на вечната листа.

Набрзо го собори рекордот, веќе во втората четвртина од средбата со Бруклин и со тоа ја надмина легендата, која на овој празник беше на врвот со 395 поени.

– Не ми е гајле како играв ако доживеавме пораз – изјави Леброн по натпреварот и поразот од (115:122).

Тој дуелот го заврши со 39 поени, 9 скока и 7 асистенции.

Од активните играчи, на врвот на оваа листа се Кевин Дурент (299) и Расел Вестбрук (245) поени.