(ВИДЕО) Како манекенките ја обединија Југославија? Вака славната генерација се искачи на светскиот трон!

Loading

Еден од најголемите фудбалски успеси во поранешна заедничка Југославија беше победата на Светското младинско првенство во Чиле во 1987 година.

фото: FIFA

Момците до 20 години беа исклучително талентирана генерација и покажаа дека можат да стигнат до светското злато во четвртфиналето кога го совладаа Бразил со 2:1 со головите на Предраг Мијатовиќ и Роберт Просинечки.

По тој меч, Звонимир Бобан и Игор Штимац добија покана да излезат со две манекенки од Чиле.

„Ние бевме момци кои уживаа во животот. Очекувавме селекторот да не пушти да излеземе на пијачка со овие убави девојки, но кога одговорот беше негативен, беше тешко да се прифати. Му реков на Бобан: „Одам“. „И јас одам со тебе“, низ насмевка рече Игор Штимац и продолжи:

,,Кога тренерот дозна, ни рече да си одиме дома. А во полуфиналето не чекаше Источна Германија, предводена од капитенот Матијас Замер. Немаше да биде корисно некој да не испрати дома. Тимот застана покрај нас. Тие му рекоа на тренерот: „Ако одат они, одиме и ние. Потоа мораше да попушти“, ја објасни Штимац ситуацијата со тренерот Мирко Јозиќ.

Штимац беше стрелец на водечкиот гол за Југославија против Источна Германија, а победата од 2:1 ја донесе Давор Шукер.

На крајот, Западна Германија беше поразена во финалето по подобро изведување пенали. Во регуларниот дел беше 1:1, а стрелец беше Бобан.

Штимац е сигурен дека оваа епизода го засили тимскиот дух.

Имавме пријателство, лојалност и почит. Се восхитувавме и никогаш не бевме љубоморни, дури и со толку големо его и херои во тимот“, заклучи Игор Штимац.

https://www.youtube.com/watch?v=_WrJFBMnBtk