(ВИДЕО) Далас се раздели од Бобан – Навивачите и Лука во солзи!

Српскиот репрезентативец Бобан Марјановиќ по три години го напушта Далас Маверикс, а неговото заминување дефинитивно ќе биде најтешко за Словенецот Лука Дончиќ.

Овој тандем беше задолжен за добрата атмосфера и забава во тимот, а многу комични снимки повторно станаа актуелни.

Србинот и Словенецот изминативе неколку години развија одлично пријателство, па сигурно е дека и двајцата се тажни поради разделбата.

Тажни се и нивните фанови, кои набргу по трејдот се потсетија на најубавите моменти кои ги имаа Лука и Бобан.

Често се слушаше народна српска музика во соблекувалната, но и на загревањето на Далас во салата, но тоа веќе нема да биде така.

Она што е сигурно е дека Бобан остави голема трага во Маверикс, но најверојатно забавата ќе ја пренеси и во Хјустон каде беше трејдуван.