(ФОТО) Се појави шокантен мурал – Пеп и Мурињо како љубовници!

На музичкиот фестивал во Барселона откриен контроверзен мурал!

фото: AFP

Огромното уметничко дело ги прикажува Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола како се бакнуваат во уста.

Актуелните тренери на Сити и Рома со години беа големи ривали, но сега се претставени како „љубовници“.

Муралот е само пародија на тие култни политичари Леонид Брежњев и Ерих Хонекер на Берлинскиот ѕид.

,,Боже мој, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов – пораката стои на муралот на кој се наоѓаат Пеп и Жозе додека нивните усни се составени.

Гвардиола во текот на неговата менаџерска кариера се сретнал со Мурињо вкупно 25 пати, повеќе од кој било друг тренер и има 12 победи, 6 нерешени и 7 порази.

Последен пат се сретнаа во февруари минатата година, кога Сити го победи Тотенхем со 3-0.

Пеп неодамна ја освои титулата во Англија со Сити, додека Рома на Мурињо го освои трофејот по долго време, откако го победи Феенорд во финалето на Лигата на Конференции.