Видео: Дербито на Англија без победник… Коста го спаси Челзи од пораз!

Loading

Дерби натпреварот кој го одбележа изминатиот викенд се одигра во Англија каде шампионот Челзи беше домаќин на Манчестер Јунајтед.

Chelsea-v-Manchester-United1

Натпреварот заврши без победник 1-1 во последниот натпревар од 25.коло во Премиерлигата.

Во дербито блескаа голманите Куртоа и Де Геа, а гостите од Манчестер имаа предност до 91.минута, но до крајот на мечот се спасија од пораз.

Во првото полувреме немаше голови, Куртоа успеа да му го одбрани ударот на Марсијал, а на спортивната страна Диего Коста шутираше крај голот на Де Геа.

Спорна ситуација се случи во финишот на првиот дел, кога по ударот на Тери, топката во рака го погоди Блинд, го промени правецот, но судијата Мајк Оливер не покажа пенал за Челзи.

Во второто полувреме, Куртоа го спаси својот гол откако ги одбрани ударите на Руни и Линдгард, а добрата игра на ‘црвените ѓаволи’ со гол ја круниса Лингард во 61.минута со прекрасен гол од свртување.

Chelsea-v-Manchester-United

Во продолжение на голот на Јунајтед Де Геа, одбрани два тешки удари на Ивановиќ и Фабрегас, а израмнувањето стигна во 91 минута, кога Диего Коста го искористи киксот во одбраната на Јунајтед, успеа да го заобиколи Де Геа и да погоди за 1-1.

Диего Коста и во 95.минута биеше по земја, а младиот голман од аголот успеа да го одбрани својот гол.

Ремито во Лондон не донесе никакви поместувања на табелата, Јунајтед е петти со 41 бод, додека Челзи е 13-ти со 30 бодови.

Во ова коло Лестер го победи Манчестер Сити во борба за врвот во Англија со 3-1 и се оддалечи на 5 бода во однос на Тотенхем и Арсенал.

Најинтересните моменти од средбата…