Вардар супериорен и против Татран во СЕХА, победа од 38-21!

РК Вардар продолжува со одличните настапи во регионалната СЕХА лига откако синоќа во СЦ Јане Сандански стигнаа до нова победа.

vardar-kjelce1

Разбиен и катастрофално беше поразен тимот на Татран Прешов со 38-21.

Вардар во изминатите сезони во дуелите со Татран се соочуваше со силен отпор на противникот, но вчера словачкиот шампион налета на гранитната вардарова одбрана и голманот Милиќ.

Рамноправен меч имаше само 16 минути, кога Вардар имаше три гола предност, а потоа играчите на македонскиот првак со серија од четири гола се одлепија на 15-8.

Една нова серија, од 33-та до 40-та минута, ја најави катастрофата на Татран.

Пет гола во низа за 27-15, а потоа предноста константно растеше, за конечни 38-21.

Вардар со оваа победа, четврта во петте одиграни натпревари во СЕХА се зацврсти на првото место.

Тоа значи добра увертира пред првиот меч во Лигата на шампионите, каде в недела игра нагости кај Кристијанштад.

Душебаев со 6 и Деревен со 5 гола беа најефикасни, а на голот блескаше Милиќ со 16 интервенции.

Инсерти од мечот…