Дортмунд го торпедираше Волфсбург, победи на Фрајбург и Ајнтрахт

Синоќа во германската Бундеслига се одиграа 4 средби од 4.коло.

бундеслига

До највисока победа стигна Борусија Дортмунд која на гостински терен го совлада Волфсбург со 1-5.
Од гостувањето со три бода се враќа и Ајнтрахт Франкфурт во дуелот со Инглоштад, Фрајбург минимално славеше победа над Хамбургер со 1-0, додека дуелот Дармштат-Хофенхајм заврши со реми 1-1.
Вечерва се играат уште 5 средби од ова 4.коло. Еве ги двојките:
Баер Леверкузен – Аугсбург,
Баерн Минхен – Херта Берлин,
Лајпциг – Борусија Менхенгладбах,
Шалке – Келн
Вердер Бремен – Мајнц.

Почетокот на сите натпревари е во 20 часот.