РК Вардар продолжува со одличните настапи во регионалната СЕХА лига откако синоќа во СЦ Јане Сандански стигнаа до нова победа.
Разбиен и катастрофално беше поразен тимот на Татран Прешов со 38-21.
Вардар во изминатите сезони во дуелите со Татран се соочуваше со силен отпор на противникот, но вчера словачкиот шампион налета на гранитната вардарова одбрана и голманот Милиќ.
Рамноправен меч имаше само 16 минути, кога Вардар имаше три гола предност, а потоа играчите на македонскиот првак со серија од четири гола се одлепија на 15-8.
Една нова серија, од 33-та до 40-та минута, ја најави катастрофата на Татран.
Пет гола во низа за 27-15, а потоа предноста константно растеше, за конечни 38-21.
Вардар со оваа победа, четврта во петте одиграни натпревари во СЕХА се зацврсти на првото место.
Тоа значи добра увертира пред првиот меч во Лигата на шампионите, каде в недела игра нагости кај Кристијанштад.
Душебаев со 6 и Деревен со 5 гола беа најефикасни, а на голот блескаше Милиќ со 16 интервенции.
Инсерти од мечот…