Црвена Звезда славеше над Цибона со 75-58 за комплетирање на 12.коло во АБА

Loading

Кошаркарите на Црвена ѕвезда остварија убедлива победа на последниот натпревар од 12.коло во јадранската АБА лига.

cz-cib

Тие на домашен терен славеа над Цибона со 75:58. Ова за Црвена ѕвезда беше деветта победа сезонава со што се изедначи со бројот на победи со Цедевита и Мега Лекс, а има една помалку од лидерот Будуќност.

На вториот натпревар одигран синоќа Задар ја победи Игокеа со 69:60.