Нуњо Еспирито Санто си поднесе оставка на функцијата тренер на фудбалерите на Валенсија.
Ова се случи по поразот во Севилја од 1:0, а Санто разговарал со претседателот и потоа донел одлука да ја напушти Валенсија.
Ми претставуваше голема чест што го предводев овој тим, но во моментов најважно е клубот да остане обединет“, изјавил Еспирито Санто.
Португалецот во кариерата бил тренер во Рио Аве, Малага и Панатинаикос, а му бил и помошник на Жезуалдо Фереира во Порто.
Валенсија ја презеде во јуни 2014 година, а по 13 натпревари во шпанското првенство се наоѓа на деветтото место со 19 бодови.
Во следното коло Валенсија ќе игра против лидерот на табелата Барселона.