Поранешниот НБА играч, Дариус Мајлс прогласи банкрот.
34-годишниот Мајлс играше во НБА во периодот 2000-2009 година, а последниот негов тим беше Мемфис.
Повредите го попречија да ја продолжи кошаркарската кариера, а законски проблеми и лоши инвестиции го доведоа до банкрот.
Во моментов богатството на Дариус Мајлс е пресметано на 460.385 долари, а долговите се во вредност од 1,57 милиони.
Мајлс има обврска од 282.041 долари кон даночните власти.
Повеќето негови долгови сепак се кон деловните партнери.
Поранешниот кошаркар има куќа во Белвил за 241.000 долари, автомобилот Шевролет камаро од 2011 година чини 20.000 долари.
Покрај тоа, тој поседува 12 други имоти во источниот дел на Сент Луис, во банкарската сметка има 49.000 долари, а колеџ фондот на неговиот син е во износ од 84.900 долари.
Меѓу неговите лични средства има неколку колекционерски предмети (трофеи, накит и потпишани дресови на познати спортисти), чија вредност не е прифатена.
Мајлс беше избран од Лос Анџелес Клиперс под бр. 3 во драфтот во 2000 година.
По две години кај „ножиците“ тој премина во Кливленд Кавалирс, а во 2004 година направи трансфер во Портланд Трејлблејзерс.
Во 2008 година го облече дресот на Мемфис, а во 2011 година беше уапсен на аеродромот во Сент Луис поради носење на наполнето оружје.
Тој за 9 години во НБА лигата заработи 65 милиони долари.