Нови проблеми за ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ го оперираше левото колено!

Ракометарката на македонскиот шампион Вардар, србинката Андреа Лекиќ имаше операција на менискусот на левото колено.

lekic

,,Операцијата мина во најдобар ред и сега претстои периодот на рехабилитација.

,,Се работи за хируршки зафат кој би требало да ја одвои од натпреварите во период од 4 до 6 недели, информираа ЖРК Вардар.

Од таборот на „црвено-црните“ додаваат дека увид во текот на рехабилитацијата на Лекиќ и кога би можела да почне со полесни тренинзи, ќе се има при првата контрола.

ЖРК Вардар во средината на идниот месец ги стартува натпреварите во Лигата на шампионките, а сосема извесно е дека Лекиќ ќе пропушти два до три дуели.