Тотенхем ослабен, голгетерот Кејн заработи тешка повреда!

Голгетерот на Тотенхем, англичанецот Хари Кејн заработи тешка повреда.

кејн

Ѕвездата на „петлите“ заработи повреда за време на победата од 1:0 над Сандерленд и во 87-та минута беше заменет од новото засилување Винсент Јансен.

Кејн треба да мине низ детални медицински прегледи кои ќе покажат колку време ќе отсуствува од терените.

Сигурно е дека Кејн нема да игра за Англија во светските квалификации против Шкотска во ноември.

Тој ќе ги пропушти и средбите во Лигата на Шампионите против ЦСКА Москва и Баер Леверкузен, како и дерби дуелите во Премиер лигата против Манчестер Сити, Лестер, Арсенал и Вест Хем.

Се претпоставува дека Хари Кејн ќе биде надвор од терените два месеца.