Стигна првата конкретна понуда до Меси – Сега се е на Аргентинецот!

Лионел Меси и Барселона ја размрдаа фудбалската планета со разделбата, а „кајмакот“ сака да го собере Пари Сен Жермен.

Од почетокот, Парижаните се први фаворити за потпис со Аргентинецот, а според последните информации на „Л’Екип“, со прекрасна понуда, дефинитивно се најблиску до тоа.

Имено, како што објавија угледните медиуми, Меси ќе добие тригодишен договор вреден 120 милиони евра.

Значи, 40 милиони евра по сезона е бројка што речиси сигурно ќе го привлече шесткратниот добитник на „Златната топка“ да потпише и продолжи кариерата во „градот на светлината“.

„Л’Екип“ пренесува дека сите во ПСЖ се фокусирани на доаѓањето на Меси во Париз и работат на тоа што поскоро да го добијат неговиот потпис.