Крај на една ера, Барселона се збогува од Меси по 21 година минати во клубот – Познато е и зошто!

Loading

На бајката конечно и дојде крајот, Лионел Меси заминува од Барселона по 21 година минати во клубот.

Иако требаше да потпише нов договор со каталонскиот клуб, сепак до тоа нема дојде и тој како слободен агент ќе замине и ќе си бара нов клуб. Клубот не е во можност да му понуди нова соработка поради рестрикциите од Ла Лига.

Првиот човек на Барселона Лапорта објасни дека едноставно било невозможно клубот да го задржи Меси. Откри и каков договор имале со Меси.

„Се договоривме со Меси на петгодишен договор, а ќе го плаќавме првите две, за останатото ќе се договоревме дополнително. Тој се согласи и бевме убедени дека тоа ќе биде доволно за да останеме во рамките на финансискиот фер-плеј. Но Ла Лига не дозволи такво нешто“.

,,Лигата има правило четири спрема еден. За да дадете на некого плата од 25 милиони евра по сезона тоа морате да го оправдате со заработка од 100 милиони евра и тоа е навистина многу. Требаше да продадеме многу играчи. Клубот работи на намалување на буџетот за плати, а со намалувањето договорот на Меси ќе изнесуваше 110% од заработката на клбуот“. Ако останеше Меси тоа ќе значеше крај за клубот, а тоа неможеме да си го дозволиме – заврши Лапорта. 

Така Меси сега може да потпише договор со било кој клуб без никакво обештетување. Кариерата за Барселона ја почна во 2004 година, одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и 305 асистенции.

Стигна до 10 шампионски титули во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите. Тој дури шест пати ја освои „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер.

Сите сите се прашуваат, каде Лео Меси ќе ја продолжи кариерата. Веќе се шпекулаат новите клубови за негов ангажман како Сити, ПСЖ, Интер и Челзи.